Ќатип Османи освојуваше шампионски титули со Шкендија, но слабиот старт на оваа сезона и лошите настапи во Европа придонесоа да се раздели со тетовскиот тим. Многу брзо доби понуда од Шкупи и ја прифати, а ќе дебитира на денешниот дуел (15 часот) на Чаир, токму против Шкендија.
Тој сигурно знае како Шкупи би можел да ја изненади Шкендија, иако јасно е дека квалитетот е на страната на актуелниот шампион.
„Подготвени сме за надигрување. Немавме многу време за да се подготвиме со оглед на настапот и во Купот на Македонија, но така е за сите екипи. Верувам дека можеме да ја изненадиме Шкендија, а сега имаме голем адут и во новиот тренер“, вели Бесарт Кривањева, фудбалерот на Шкупи.
Шкендија доаѓа на Чаир ослабена. Без репрезентативецот Егзон Бејтулаи и без голманот Костадин Захов кои се повредени, како и без „поцрвенетиот“ лев бек Гледи Мици. По заминувањето на Османи, на кормилото на шампионот е Ерхан Селими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













