Македонскиот прволигаш Шкупи нема среќа со тренерите. Во последниот период имаше многу промени, а турскиот стратег Чихат Арслан мораше да замине поради семејни обврски.
Клубот од Чаир ја искористи репрезентативната пауза во потрага по нов тренер, се споменуваа и Горазд Михајлов од Силекс, и хрватската легенда Роберт Просинечки, но на крајот по сѐ изгледа дека нов шеф на стручниот штаб ќе биде Младен Жижовиќ.
Се работи за босански стратег кој во кариерата ги има водено Зрињски и Слобода Тузла, а досега беше тренер на саудискиот второлигаш Ал Колод. Тој во наредните денови треба да биде промовиран како нов тренер на Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













