
Македонскиот прволигаш Шкупи донесе одлука да ја раскине соработката со двајца досегашни фудбалери, Алекс Златков и Михал Пинтер, по взаемен договор.
Алекс Златков, кој е дефанзивен играч за врска, пристигна во Шкупи летото 2022 година од словенечкиот тим Триглав. Во сезоната 2023/24 беше позајмен во Македонија ЃП, по што се врати во Шкупи. Сепак, поради силната конкуренција, есенва одигра само еден натпревар, што резултираше со разделба.
Михал Пинтер е Словак, кој пристигна во 2023 година од тимот на Вион, за Шкупи одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и четири асистенции.
Од клубот најавија дека овие промени се само почеток на зимскиот трансфер период.
„Во наредните денови ќе следат нови информации за дополнителни трансфери и промени“, изјавија од Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Шешко ќе избира меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман
