
Македонскиот првак Шкупи вечерва (21 часот) го игра првиот натпревар од квалификациската рунда од Лигата на Европа против Шамрок Роверс во обид да стигне до плејофот за групната фаза во ова натпреварување. По долго патешествие, предизвикано и од ирските водухопловни власти кои не дозволија чартерот на Шкупи да слета директно во Даблин, туку го пренасочија 300 километри подалеку, избраниците на Гоце Седлоски сепак се максимално подготвени и фокусирани за вечерашниот дуел.
Ќе се обидат да остварат позитивен резултат и да направат чекор напред кон најголемиот клупски успех. Целта е јасна, да се игра групна фаза во Европа оваа сезона.
„Подготвени сме за предизвикот. Не очекува нов тежок натпревар и се надевам дека тимот ќе одговори на задачата. Шамрок е квалитетен тим, го покажа тоа во претходната рунда, но ние сме максимално фокусирани на тоа што треба да го одработиме на претстојниот натпревар“, вели шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски.
Тренерот на Шамрок Роверс, Стивен Бредли, максимално го респектира македонскиот првак.
„Шкупи е многу силен тим и му даде огромен отпор на Динамо Загреб во претходното коло од ЛШ. Ги почитуваме максимално, но ќе се обидеме да наметнеме наша игра и се надеваме на триумф“, изјави Бредли.
Натпреварот меѓу Шамрок Роверс и Шкупи е закажан за 21 часот на стадионот „Талахт“ во Даблин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
