Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Шкупи, со реми (2-2) против Ахмат Грозни ја заокружи серијата пријателски натпревари на подготовките во Анталија.
Ахмат Грозни поведе од пенал со голот на Поларус во првиот дел, а израмни новото засилување Омар Имери на почетокот на второто полувреме.
Марко Ѓорѓиевски се погрижи за пресврт, но повторно израмни Себај. Шкупи во второто полувреме не успеа да реализира и пенал. Шутот на Фреди Алварез го одбрани противничкиот голман.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement