
Македонскиот првак Шкупи вечерва (21 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува косовскиот тим Балкани во првиот меч од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Ова е последниот чекор за избраниците на Гоце Седлоски до нова клупска историја, пласман во групна фаза од едно европско натпреварување.
„Подготвени сме за предизвикот. Тимот е максимално мотивиран, иако бевме малку разочарани откако бевме елиминирани од Шамрок во Лигата на Европа. Верувам дека имаме квалитет да го елиминираме Балкани во претстојниот двомеч и да оствариме историски успех за клубот“, вели тренерот Гоце Седлоски.
Тимот од Чаир се надева дека на вечерашниот меч ќе обезбеди предност пред реваншот на Косово.
„Игравме пријателски натпревар пред месец и пол со Балкани. Тие се добар тим, но не и непобедлив. Мислам дека можеме да ги победиме во двомечот, секако, само доколку сите го дадеме максимумот и најдоброто од себе“, потенцира шефот на стручниот штаб на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
