
Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Шкупи, успеа да го доведе Омар Имери. Крилниот напаѓач доаѓа на шестмесечна позајмица од турскиот второлигаш Бодрумспор.
Омар Имери по три и пол години се враќа во тимот од Чаир.
„Секако дека е посебно чувство и среќен сум што се враќам во Шкупи, еден од клубовите со најголема традиција во земјава. Му благодарам на клубот за укажаната можност, бидејќи веќе сум во тим кој има исклучително талентирани играчи и голем квалитет, па од моја страна ќе дадам максимум за да ги оствариме нашите цели до крајот на сезоната“, изјави Омар Имери за официјалниот сајт на клубот.
Омар Имери во македонскиот шампионат одигра вкупно 72 натпревари, постигна 16 гола и забележа седум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
