
Шкупи е единствената македонска екипа со најголеми шанси да обезбеди пласман во втората рунда натпревари од квалификациите за Лига Европа. По оние 3-3 од Ереван, вечерва од 20:30 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, чаирчани треба да ја потврдат добрата гостинска игра и да си го продолжат европското лето.
„Нема да калкулираме и да играме на 0-0. На првиот натпревар имавме 3:1, потоа шанси за 4:1, но заврши 3:3. Направивме грешки на крајот, а тоа во Европа не се простува. Знаеме дека не очекува тежок натпревар. Пјуник е квалитетен тим, но ние имаме добар резултат од првиот меч и не се плашиме. Ќе играме дома, пред нашите навивачи и сакаме победа“ – вели тренерот на Шкупи, Умит Каран.
Капитенот Муарем Бајрами смета дека денеска ќе биде потежок натпревар од оној првиот, но сите во тимот се подготвени да го дадат максимумот.
„Ќе биде двојно потешко утре. Имаме добар резултат, но ќе треба да одиграме уште подобро на утрешниот реванш. Сакам да ги израдуваме „Шверцерите“ и да се пласираме понатаму во Лигата на Европа. Пјуник е добар тим, нашите тимови имат негативна традиција со овој ерменски клуб, но време е да ја прекинеме. Со поддршка од навивачите, кои се наше најсилно оружје, можеме до успех“ – изјави Бајрами.
Ако го мине Пјуник, Шкупи во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа го очекува пресметка со чешки Јаблонец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
