Македонскиот првак Шкупи вечерва (21 часот) на „Максимир“ ќе го игра првиот меч против Динамо Загреб, еден од најдобрите клубови во регионот, во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Според обложувалниците, тимот од Чаир е огромен аутсајдер и не му се даваат речиси никакви шанси за успех.
Потрагично од тоа е што овој меч во Македонија нема да може да се следи на ниту една регионална или македонска телевизија. Натпреварот ќе биде пренесуван на вториот канал на Хрватската национална телевизија.
Победникот од двомечот меѓу Динамо Загреб и Шкупи во следната рунда од квалификациите за ЛШ ќе игра против подобриот од дуелот Лудогорец (Бугарија) и Шамрок (Ирска).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













