Connect with us

Шкупи објави: Против Лапи со публика и во вечерен термин

Македонскиот вицепрвак Шкупи објави дека првиот натпревар од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА ќе го одигра на 8 јули во Скопје, на Националната арена „Тодор Проески“, во 20 часот. На трибините ќе биде дозволено присуство на публика, 30% од капацитетот на стадионот. Со оглед на тоа, Шкупи може да се надева на околу 12.000 навивачи како поддршка за мечот против косовскиот ривал Лапи.

Дополнително ќе биде одредена цената на билетите за мечот во Скопје. Реваншот е закажан за 15 јули во Косово.

Тимот на Шкупи во Охрид се подготвува за настапот на европска сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови