
Македонскиот првак Шкупи денеска (18 часот) го игра реванш мечот против Линколн од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Предноста од три гола (3-0) од Скопје треба да биде доволна за мирна игра на тимот на Гоце Седлоски, но, капитенот Кристијан Наумовски предупредува дека не смее да има опуштање.
Вештачка трева на стадионот на Гибралтар и долгото патешествие секако ќе ја отежнат работата, но квалитетот дефинитивно е на страната на Шкупи.
„Имаме одлична предност по првиот натпревар, но и не смееме да заборавиме дека има уште 90 минути од двомечот. Ќе играме на вештачка трева и мора да бидеме внимателни, но, сепак, уверени сме дека квалитетот е на нашата страна и не треба да дозволиме никакво изненадување“, вели Наумовски.
Мечот меѓу Линколн Ред Импс и Шкупи е закажан за 18 часот, на стадионот „Виктори“ на Гибралтар. Победникот од овој дуел во следното коло го очекува пресметка со хрватскиот првак Динамо Загреб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
