Почнува разврската за шампионската титула. Триото Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ, сите со по 58 бода, во меѓусебни дуели до крајот на сезоната ќе решаваат кој ќе го крене шампионскиот трофеј.
Шкупи денеска ја пречекува Шкендија на Чаир. Клубот ќе дозволи слободен влез за фановите, ја бара нивната поддршка во пресметката што е можеби и најважна кога е во прашање битката за титулата. Капитенот на Шкупи, Артан Иљази, најави дека неговиот тим ќе се бори до последен момент за освојување на титулата.
„Нѐ очекува тежок натпревар со оглед дека на последниот дуел не го добивме тоа што го баравме. Но, во секој случај ние сме максимално подготвени и се надеваме на позитивен резултат против Шкендија. Имаме предвид дека до крајот на првенството остануваат уште само три натпревари и сѐ зависи од нас. Се надевам дека со помош на „Шверцерите“ и сите навивачи кои ќе дојдат денеска на Чаир, ќе го добиеме натпреварот против Шкендија и трите бода ќе останат кај нас“, изјави Илјази.
Енур Тотре исто така вели дека ова е најважниот меч за Шкендија во досегашниот тек од сезоната. Ќе биде „пеколно“ денеска на Чаир.
Струга Трим Лум загуби два натпревари во низа, а тоа значеше и смена за тренерот Шпетим Дуро. До крајот на сезоната стружани ќе ги предводи Меритон Гега, а целта е јасна, да се одбрани шампионскиот трофеј. Денеска Струга ТЛ на домашен терен го пречекува Гостивар.
Работнички на Националната арена Тодор Проески го пречекува Тиквеш, а Брера во Струмица е домаќин на Брегалница. Вардар во Маџари ќе игра против Македонија ЃП, а Воска Спорт во Охрид ќе се сретне со Силекс.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО (денеска, 17 часот)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС
БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski