Шкупи утре го пречекува Хегелман во реванш меч од првото квалификациско коло од Конференциската лига. Тренерот Чихат Арслан и фудбалерот Реналдо Цефас беа пред новинарите разговараа за реваншот, истакнувајќи дека тимот нема да се задоволи со убедливиот триумф (0-5) на гости, туку ќе игра како да е 0-0.
„Првиот натпревар го добивме со резултат 5-0, тоа беше прекрасен резултат каде блескаше Цефас. Имавме малку потешкотии на враќање, бидејќи тоа беше долго патување и секако бевме малку уморни, па за ова време имавме добро закрепнување и сега сме подготвени за реваншот. Без разлика каков резултат имаме од првиот натпревар, мора да бидеме сконцентрирани. Им потенцирав на играчите дека ова е важен меч и мора сериозно и дисциплинирано да го извлечеме најдобриот можен резултат. Мора да го почитуваме противникот, без разлика на резултатот од првиот натпревар, мора да извлечеме добар резултат и на реваншот, но сакам да кажам дека ќе биде многу потешко од првиот дуел“, изјави Арслан.
Брзоногиот напаѓач Реналдо Цефас истакна дека фудбалерите се максимално подготвени и за реваншот.
„Што се однесува до утрешниот натпревар, сите играчи се подготвени за овој натпревар. Се подготвувавме цела недела, не само физички, туку и психички. Знаеме дека имаме убедлива предност, но двомечот сѐ уште не е завршен. Утре треба да влеземе во игра како резултатот да е 0:0“, изјави Цефас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













