
Лидерот Шкупи ремизираше без голови против Ренова во Тетово, но услуга му направи Работнички кој ја совлада Шкендија во минатото коло. Денеска (15 часот) „романтичарите“ гостуваат на Чаир и се надеваат дека можат до изненадување против составот на Гоце Седлоски.
„Победата над Шкендија веќе зад нас, имаме нов предизвик. Ни следи гостување на Чаир и нов дуел против Шкупи. Тие се лидери, имаат квалитетен тим, но мислам дека ги намачивме и на претходниот натпревар на Арената. Загубивме со 0-1, но лесно можеше да биде и поинаку. Верувам дека ќе одиграме нов квалитетен меч, а најважно е што фудбалерите увидоа дека можат да стигнат до победа и против најдобрите. Натпреварот против Шкупи е шанса за ново големо докажување. Јас сум уверен дека овој млад тим на Работнички може уште многу подобро и ќе се стремиме кон тоа“, вели Борче Христов, тренерот на Работнички, во пресрет на денешниот дуел.
Шкупи сака да се врати во победнички ритам, заврши и суспензијата за присуство на навивачи, па дефанзивецот Ардит Иљази најавува дека тимот ќе се потруди да ги израдува и да ги награди за нивната поддршка.
„Максимално сме подготвени за утрешниот натпревар и со победа да го започнеме третиот круг од натпреварувањето. Не очекува тежок натпревар против Работнички со оглед на нивните последни две победи. Исто така, среќни сме што вратите на стадионот конечно ќе се отворат за нашите навивачи и сигурен сум дека заедно ќе го добиеме натпреварот и трите бода ќе останат на Чаир“, изјави Ардит Иљази.
Останатите натпревари од 23. коло во Првата се играат утре и в понеделник.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (ДЕНЕСКА, 15 Ч.)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (УТРЕ, 15 Ч.)
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (ПОНЕДЕЛНИК, 15 Ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
