
Лидерот Шкупи гостува на „Автокоманда“ (13 часот) кај Скопје кој се бори за опстанок. Тимот од Чаир цврсто чекори кон тотулата, а избраниците на Гоце Седлоски сакаат триумф и на денешниот дуел.
Знаеме дека нема да биде лесно против Скопје, тие имаат мотив бидејќи се борат за опстанок, а во последното коло ја победија Академија Пандев. Но, ние сме подготвени и продолжуваме да работиме за остварување на нашата цел. Го респектираме ривалот, но ние сме фаворити и сакаме тоа да го оправдаме на теренот“, изјави Валид Хамиди.
Шкупи има 13 бода предност пред Шкендија и пред Академија Пандев на врвот на табелата во Првата лига.
Шкендија му даде отказ на Бруно Акраповиќ и го назначи Артим Шаќири за нов тренер до крајот на сезоната. Тој потоа ќе се префрли на позицијата спортски директор и ќе доведе нов шеф на стручниот штаб.
Ренова во Тетово ја пречекува залетаната Македонија ЃП која има европски аспирации. Брегалница во Прилеп ќе биде домаќин на Работнички. „Романтичарите“ ќе ги предводи Стојанче Игњатов, по отказот што го доби Борче Христов откако тимот загуби дома од Струга Трим Лум.
Тиквеш ќе биде домаќин на стружани, а Борец ќе ја пречека Академија Пандев.
ДВОЈКИ, ПРВА ЛИГА – 26. КОЛО
СКОПЈЕ – ШКУПИ (13 Ч.)
БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (15 Ч.)
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ СТРУГА ТЛ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
