Куевен Да Силва Инсаио официјално е нов играч на Шкупи. Клубот денеска го промовираше 23-годишниот Бразилец кој потпиша двегодишен договор.
Тој доаѓа од тимот на Атлетико Монте Азул. Инасио, пред неколку години играл и во Грција, за тимот на АОК Керкира.
„Многу сум среќен и мотивиран да играм во овој тим. Ќе работам напорно и ќе дадам се од себе за овој дрес. Намерите на Шкупи се јасни и затоа сум тука. Ќе се бориме да станеме шампиони и ќе се погрижиме нашите навивачи да бидат среќни и горди на својот тим“, изјави Инасио по промоцијата.
Куевен да Силва Инасио в сабота со тимот ќе патува на подготвките во Анталија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski