
Работнички, Шкупи и Силекс им се придружија на Вардар и на Шкендија во триумфалното отворање на пролетниот дел од првенството во Првата лига. Гостите славеа минимално, Работнички со 0-1 на гости кај Струга Трим Лум, Силекс го освои Тетово (0-1) во дуелот со Ренова, а Шкупи на домашен терен го совлада Борец со 2-0.
Шкупи долго се мачеше да го пробие бедемот на Борец на Чаир. Тоа му успеа на Мухарем Бајрами во 80.минута, кој шест минути подоцна доби и црвен картон. Триумфот во завери Бесар Исени во судиското продолжение од натпреварот.
Давид Тошевски во 35.минута беше стрелец на победничкиот погодок за Работнички во Струга. Шаркоски шутираше од десната страна, топката дојде до Тошевски кој подметна нога и ја погоди мрежата. „Романтичарите“ дојдоа до првиот триумф под раководство на новиот тренер Ратко Достаниќ.
Силекс освои три бода на гости против Ренова. „Виновник“ беше Бурхан Мустафов кој во 45.минута зафати волеј удар од 25 метри и ја затресе мрежата на „гипсарите“.
Шкендија триумфираше во дербито (1-2) против Академија Пандев во Струмица.
Академија Пандев поведе по пет минути игра со голот на Даниел Миловановиќ кој успеа да го совлада Костадин Захов. Шкендија израмни во 23.минута. Агим Ибраими нафрли од левата страна, а Арменд Алими со удар со глава ја погоди мрежата на Академија Пандев. Во 55.минута беше досуден пенал за Шкендија, по грубиот старт на Диме Димов над Бесарт Ибраими во шеснаесетникот. Најстрогата казна успешно ја реализираше Агим Ибраими за комплетен пресврт.
Вардар вчера ја совлада Македонија ЃП со 3-1.
ПРВА ЛИГА 19.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 1-2
ШКУПИ – БОРЕЦ 2-0
РЕНОВА – СИЛЕКС 0-1
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 0-1
ВЧЕРА: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Табела: Вардар 39, Шкендија 31, Силекс 30, Академија Пандев 27, Македонија ЃП 26, Шкупи 25, Струга ТЛ 24, Борец 20, Ренова 19, Работнички 18.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
