
Шкупи се надева дека брзо ќе им се врати на победите и дека ќе освои три бода на денешниот дуел против Македонија ЃП на Чаир. Тимот се бори за шампионската титула, а во последното коло загуби со 1-0 на гостувањето во Штип против Брегалница.
Дефанзивецот Кристијан Тошевски верува во брз излез од кризата.
„Нѐ очекува тежок натпревар, затоа што Македонија ЃП се бори за опстанок и секој натпревар и секој бод им се многу важни. Но, ние сме Шкупи и се бориме за шампионската титула. Се надевам дека брзо ќе излеземе од оваа криза и со помош на фановите ќе успееме да стигнеме до триумф на денешниот меч“, изјави Кристијан Тошевски.
Брера во Турново ќе биде домаќин на Воска Спорт. Тренерот Бојан Круљ очекува подобра реакција од тимот по поразот од Тиквеш во Кавадарци.
„Мора да бидеме многу подобри од последното наше издание против Тиквеш. Верувам во квалитетот на овој тим и се надевам дека ќе успееме да ја исполниме целта. Пред нас е тежок натпревар и максимално ја респектираме екипата на Воска“, изјави Бојан Круљ.
Во Гостивар доаѓа тимот на Тиквеш. Двата тима се релативно комфорни на средината на табелата, но тоа сигурно ќе биде и повод да прикажат допадлив фудбал.
Утре се играат преостанатите три натпревари од ова коло. Работнички и Вардар се среќаваат на Националната арена „Тодор Проески“, Струга ТЛ ја пречекува Брегалница, а Шкендија е домаќин на Силекс.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 27. КОЛО (денеска, 15 часот)
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
БРЕРА – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (утре, 15 часот)
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Млади репрезентации
Македонија У19 убедливо ја победи Црна Гора на гости во вториот тест

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
