Connect with us

Шкупи ги избрка „лавовите“, Гостивар подобар од Тиквеш

Шкупи им се врати на победите и се израмни на врвот на табелата со актуелниот првак Струга Трим Лум. На Чаир, домаќинот славеше против Македонија ЃП со 3-1.

Дуду Сампајо во четвртата минута донесе водство, а Кристијан Трапановски зголеми на 2-0. “Лавовите” постигнаа гол за надеж, но Антонио Илиески го постави конечниот резултат.


Брера во Турново успеа да слави со 1-0 протов Воска Спорт со гол во судиското продолжение. Мартин Ѓорѓиевски беше стрелец во 92.минута од мечот.

Гостивар и Тиквеш неоптоварени од борба за опстанок прикажаа допадлив фудбал. На крајот славеа гостиварци со 2-1. Алпер Потук го отвори резултатот на почетокот од мечот, а Александар Вареловски израмни на 1-1 во 70.минута. Сепак, Ланре Кехинде во 78.минута постигна победнички погодок за гостиварци.

Утре се играат уште три натпревари од ова 27.коло. Работнички и Вардар ќе имаат градска пресметка на Националната арена „Тодор Проески“. Струга ТЛ на домашен терен ја пречекува Брегалница, а Шкендија во Тетово се среќава со Силекс.

ПРВА ЛИГА, 27. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-0
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (утре, 15 часот)
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови