
Вардар со играч помалку успеа да освои бод во Кратово играјќи 2-2 против Силекс. Дарко Мицевски беше исклучен во 65.минута, „црвено-црните“ имаа и водство, но на крајот сепак ремизираа.
Силекс поведе со голот на Дарко Грозданоски во 12.минута, по големата грешка на голманот Филип Гачевски. Тој слабо реагираше, ја одби топката, а Грозданоски ја затресе мрежата.
Вардар беше на ниво во вториот дел. Убав погодок за израмнување постигна Кристијан Тошевски 49.минута, а по исклучувањето на Мицевски следеше гол и на Матеј Цветаноски во 70.минута. Но, Кристијан Стојковски во 86.минута донесе израмнување во Кратово.
Шкендија загуби со 2-1 од Струга Трим Лум. Стенио Жуниор во 38.минута постигна убав погодок за актуелниот шампион, но Валентин Кочоски во 54.минута и Нијас Лена во 65.минута се погрижија за целосен пресврт.
Шкупи го совлада тимот на Академија Пандев со 3-1, а и на овој меч гостите први имаа предност. Марко Рајковиќ во седмата минута донесе водство за „пандевци“, но Сержињо во 67.минута и Дембо Дербое во 78.минута му обезбедија триумф на Шкупи. Фатјон Јусуфи со голот во третата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Ренова odigra 1-1 против Македонија ЃП. Ремзифаик Селмани беше стрелец на голот за „гипсарите“ во 54.минута, а израмни Дејан Блажевски во 90.минута.
Работнички го совлада Борец со 2-1. Давид Тошевски во 37.минута со одличен удар со глава постигна гол за водство, а на 2-0 зголеми Виктор Велкоски во 60.минута. Само две минути подоцна Никола Прелчец од пенал намали на 2-1. До крајот, Тошевски го погоди и дирекот, а бодовите сепак останаа за „романтичарите“.
ПРВА ЛИГА, 16.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СИЛЕКС – ВАРДАР 2-2
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА 2-1
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2-1
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
Табела: Вардар 32, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи 22, Македонија ЃП 22, Струга ТЛ 22, Ренова 16, Борец 16, Работнички 14.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид подобар од Осасуна (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Папу Гомеш се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Кејлор Навас се сели во МЛС лигата

Прва лига
ФК Вардар: Доста беше!

Евро-фудбал
Кејлор Навас се сели во МЛС лигата

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид подобар од Осасуна (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Милан со пресврт го победи Калјари (ВИДЕО)
