Фудбалот одамна не е само игра на теренот каде тимот треба да победи. Тоа е глобален бизнис во кој неодминлив дел се навивачите. УЕФА ги откри водечките клубови во секоја земја според интеракцијата што ја имаат со фановите во сопствената држава, но и во целиот свет. Кај нас водечка во овој дел е Шкендија. Има најмногу фанови на социјалните мрежи, најголема интеракција со фановите преку официјалниот сајт, социјалните мрежи – Фејсбук, Твитер, Инстаграм…
Најблиску до нас, Шкендија е во друштво на Црвена Звезда од Србија и Динамо Загреб од Хрватска. Модерните клубови мораат да го следат европскиот чекор и во овој социјално-интерактивен сегмент.
Европскиот првак Баерн Минхен има најмногу следбеници во Германија, Јувентус е лидер во тој поглед во Италија, а Пари Сен Жермен со ѕвездите доминира во Франција. Во Шпанија, во тесна битка Барселона е пред Реал Мадрид, а Ајакс е најдобар во Холандија. Во Шкотска, иако беше префрлен и во понизок ранг, Глазгов Ренџерс има поголема полуларност на социјалните мрежи од Селтик. Во Русија, Зенит од Санкт Петербург е доминантен…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













