
Првата лига се враќа со 15.коло, а борбата за врвот е сѐ поинтензивна. Шкендија му гостува на Пелистер во дуелот кој ќе се игра во вечерен термин, од 17 часот, а претходно, од 13 часот, на програмата се пет натпревари.
Шкендија сака со победа да го задржи првото место на табелата, а нејзин „кикс“ во Битола чекаат Гостивар и Работнички.
„Паузата ни дојде добро за одмор поради напорниот распоред. Имавме доволно време да се подготвиме, а имаме и играчи кои се вратија под повредите. Ќе биде тежок дуел, а ние треба да ги одработиме задолженијата што ќе ги добиеме пред натпреварот“, изјави Александер Трумчи, десниот бек на Шкендија.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Беса. Играчот за врска Бесир Демири вели дека „романтичарите“ ќе се потрудат бодовите да останат во Скопје.
„Сакаме успешно да го отвориме овој нов циклус после репрезентативната пауза. Работевме добро во изминатиот период и се надеваме дека тоа ќе донесе резултат и на теренот. Го респектираме тимот на Беса, но ќе се потрудиме бодовите да останат во Скопје. Играме на домашен терен и не криеме дека сакаме победа“, изјави Демири.
Вардар после победата над Шкупи, гостува во Охрид кај Воска Спорт, во директна пресметка за бегство од дното.
Силекс гостува на Чаир против Шкупи кој ќе ги отвори трибините за своите навивачи.
Гостивар е фаворит на домашен терен против Тиквеш, кој долго време е во криза, но дефинитивно има состав многу поквалитетен од остварените резултати.
Шампионот Струга Трим Лум гостува во Струмица кај АП Брера и се надева дека ќе продолжи со добрите игри.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 15. КОЛО (денеска, 13 часот)
БРЕРА – СТРУГА ТЛ
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
РАБОТНИЧКИ – БЕСА
ШКУПИ – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (17 часот)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
