Македонскиот претставник Шкендија оствари поволен резултат во Стокхолм, ремизирајќи против АИК (1-1) во првиот меч од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Ова е одличен резултат за тимот на Артим Шаќири пред реваншот за седум дена во Скопје.

Ферхан Хасани во првиот напад ја затресе мрежата на АИК. Само по 26 секунди од почетокот на натпреварот, Хасани успеа да погоди на вистинското место, а Шкендија подобар почеток не можеше да посака.
АИК Стокхолм сепак брзо се опорави од шокот. Џон Гвидети успеа да израмни во 17.минута од мечот совладувајќи го Захов со одличен удар со глава.
До крајот се играше во жестоко темпо, но и двете екипи не успеаја да остварат предност пред реваншот во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













