Шкендија стигна до четвртата сезонска победа во Првата МФЛ, совладувајќи го Тиквеш дома со минимални 1-0. Иако резултатот беше тесен, натпреварот понуди борбеност и многу неизвесност.
Гостите од Кавадарци тргнаа храбро и уште во воведните минути преку Стојанов и Тодоров покажаа дека нема лесно да се предадат. Но, голманот Гаје беше на висина на задачата и спречи промена на резултатот.
Шкендија одговори со шанси преку Љатифи, кој прво не реализираше, но во 36. минута мајсторски му асистираше на Себастијан Спахиу. Новакот во тетовскиот клуб одлично се снајде на втора статива и го постигна својот прв погодок во „црвено-црниот“ дрес.

Во второто полувреме Тиквеш тргна по израмнување. Стојкоски, Садик и Стојанов создадоа неколку сериозни прилики, но повторно недостасуваше реализација, а и Гаје не дозволи изненадување. На спротивната страна, искусниот Бесарт Ибраими имаше можност да ја реши дилемата десетина минути пред крајот, но шутираше непрецизно.
До крајот резултатот остана непроменет. Шкендија со нови три бода продолжува со амбициозниот поход кон врвот, додека Тиквеш ќе мора да ја подобри ефикасноста ако сака подобри резултати во наредните кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













