Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи нема да го носи дресот на Шкендија во новата сезона, објави клубот. Неговиот договор истече на 15 јуни, а двете страни не се договорија за продолжување на соработката.
Бејтулаи ја носеше капитенската лента, одигра 304 натпревари во дресот на Шкендија, освои три шампионски титули и два куп-трофеи во дресот на овој клуб.
Дефанзивецот е пред трансфер во Тирана, во првенството на Албанија.
Од Шкендија заминува и напаѓачот Љупчо Дориев, кој кариерата ќе ја продолжи во Узбекистан, во тимот на Согдиана.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













