Крилниот напаѓач на Шкендија и младински репрезентативец на Македонија, Ване Крстевски, не е посериозно повреден, соопшти клубот. Тој се здоби со повреда на мечот против Тиквеш, но, за среќа, брзо ќе се врати на теренот.
Имаше првични стравувања дека страдале и лигаментите, но сепак станува збор за повреда на скочниот зглоб.
Ване Крстевски ќе ги пропушти наредните два или три меча за Шкендија.
„Напаѓачот на Шкендија, Ване Крстевски, заработи повреда на неделниот натпревар против Тиквеш (0-0) во Штип. По еден дуел тој во 68. минута го напушти теренот на носилки, предизвикувајќи загриженост за сериозноста на повредата.
Сепак, лекарските прегледи покажаа дека нема скршеници или оштетување на лигаментите. Крстевски се здоби со повреда на мекото ткиво на левиот скочен зглоб и веднаш започна со терапија. Во наредните денови лекарскиот тим ќе го следи неговиот напредок за да утврди кога ќе биде подготвен да се врати на теренот.
Во моментов, извесно е дека Крстевски ќе ги пропушти следните два натпревари, куп пресметката со Шкендија Арачиново во среда и првенствениот натпревар со Струга ТЛ викендов“, соопштија од Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













