
Македонскиот претставник Шкендија вечерва (20 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека ерменскиот тим Арарат во воведниот дуел од првото коло во квалификациите на Конференциската лига. Тренерот Артим Шаќири вели дека тоа е многу важен меч за тетовскиот тим и посакува успешно отворање на европското лето.

„Подготвени сме за предизвикот. Го анализиравме до најситни детали ривалот Арарат и нема да го потцениме, но исто така тоа не е противник ниту што треба да се прецени. Треба да веруваме во нашите квалитети и да докажеме дека сме подобар тим“, истакна Артим Шаќири.
Капитенот Егзон Бејтулаи се надева дека Шкендија ќе има одлична европска авантура и дека би можела на фановите да им приреди нов голем спектакл, како тој со Милан пред неколку години.

„Имавме две неуспешни години во Европа и се надевам дека сега ќе бидеме многу подобри. Посакувам повторно да дојде некој голем европски тим во Македонија, а за тоа ќе треба да оствариме неколку победи“, изјави Бејтулаи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
