Фудбалскиот првак Шкендија вечерва (21 часот) на домашен терен ќе ја пречека полската Јагиелонија во натпревар од третото коло во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.
Тетовскиот тим ќе се обиде да стигне до нов успех на меѓународната сцена. Пред мечот, тренерот Јетон Беќири истакна дека противникот е добро анализиран.
„Го анализиравме противникот. Јагиелонија е силен тим кој доаѓа од првенството на Полска, можеби се мали фаворити на хартија, но ние по традиција играме добро на Арената во Скопје. Веруваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Мислам дека Јагиелонија е и поквалитетен ривал од Шелбурн, според карактеристиките имаат поголеми сличности со Шкендија, па ќе се потрудиме да извлечеме максимум и од овој меч“, изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.
Очекувањата од натпреварот ги истакна и фудбалерот Арбин Зејнулаи.
„Се подготвувавме квалитетно, ја анализиравме Јагиелонија, се работи за силен тим, но веруваме во нашите квалитети и ќе направиме се за да стигнеме до нов успех“, изјави Зејнулаи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













