
Шкендија го победи Вардар со 4-0 и се врати на победнички кокосек откако во минатото коло го доживеа првиот пораз од Гостивар. Александер Трумчи во третата минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Бесарт Ибраими зголеми на 2-0. Валон Ахмеди во 27. минута постигна трет гол и победникот веќе беше решен. Во вториот дел Шкендија дојде и до четврти погодок преку Флорент Рамадани.
Струга ТЛ го пречека Гостивар, а дуелот заврши 2-2.
Ланре Кехинде во 25. минута погоди за предност на Струга ТЛ, а израмни Огузан Ајдоган во 38.минута. Сепак, Басиру Компаоре во 45.минута повторно обезбеди водство за стружани. Но, Гостивар дојде до бод со погодокот во 85.минута на Марко Симоновски.
Работнички на Националната арена играше против Шкупи. На крајот славеше домаќинот со 2-1. Али Регба во 38.минута обезбеди водство за Работнички, а беше најзаслужен и за автоголот што си го постигна Михал Пинтер во 56.минута. Георг Стојановски постигна погодок за Шкупи во 78. минута, но бодовите му припаднаа на Работнички.

Брера во Струмица се сретна со Пелистер и победи со 4-0. Гостите од 17.минута играше со фудбалер помалку, а Марјан Ристовски ја отвори серијата голови на крајот на првиот дел. Потоа следеа уште три гола во второто полувреме за убедлив триумф. Стрелци беа Јанкулов, Ивковиќ и Тодоровски.
Беса беше подобра од Воска Спорт и славеше со 1-0. Ремзифаик Селмани беше стрелец на победничкиот гол во 13.минута од дуелот.
Тиквеш беше домаќин во Кичево и ремизираше без голови против Силекс.
ПРВА ЛИГА, 8. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4-0
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 2-2
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 1-0
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-1
БРЕРА – ПЕЛИСТЕР 4-0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
