Шкендија со победа над Либерец (1-0) ги заврши зимските подготовки во Анталија. Стрелец на победничкиот гол за составот на Ернест Ѓока беше Бесарт Ибраими во 55.минута.
Македонскиот тим покажа дека е подготвен за вториот дел од сезоната во македонскиот шампионат. Арменд Алими ја имаше најубавата шанса во првиот дел, шутираше со глава во 15.минута, но противничкиот голман успеа да одбрани. Во второто полувреме, Бесарт Ибраими донесе водство за Шкендија, со одличен удар од 15 метри.
Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока, мечот го започна со следниот состав: Захов, Мурати, Далку, Кривак, Мици, Алими, Тотре, Ахмери, Имери, А. Ибраими, Б. Ибраими.
Шкендија во првото пролетно коло ќе му гостува на тимот на Академија Пандев на 16.февруари.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













