
Шкендија имаше тешко гостување и загуби во Кратово од Силекс со 2-1. Марјан Ристовски во 20.минута изведе “паненка” и се посрамоти од пенал, но Милисављевиќ во 58.минута постигна водечки гол за кратовци. Цаке израмни во 86.минута, но Стефан Лазаревиќ постигна победнички гол во 92.минута.
Тиквеш го пречека Вардар во Кавадарци и го победи со 1-0. И покрај тоа што играше со десетмина, поради исклучувањето на Карчески во 53.минута, сепак, Едиз Спахиу постигна гол за триумф во 76.минута.
Брегалница во Штип се сретна со шампионот Струга ТЛ и загуби со 1-3. Бојку брзо отвори, Калпачки израмни во 56.минута, но само една минута подоцна возврати Бесарт Ибраими за 1-2. Триумфот го потврди Хоган Укпа. На овој меч беа доделени три црвени картони, два за гостите од Струга. Христијан Георгиевски и Бесмир Бојку беа исклучени кај стружани, а Лвалива кај домаќинот.

Работнички на арената „Тодор Проески“ во Скопје беше домаќин на Воска Спорт и славеше со 2-0. Крсте Велкоски од пенал погоди во 31.минута, а Марселин Гандо Биала во 59.минута го постигна вториот гол.
Македонија ЃП го пречека Гостивар и славеше со 3-0. Никола Величковски во седмата минута донесе предност за “лавовите”, а потоа дојде и потврдата во 81.минута, преку Мишевски од пенал. Илиевски беше стрелец на третиот погодок.
Вчера, Шкупи ја победи Брера со 1-0.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ТИКВЕШ – ВАРДАР 1-0
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ 2-0
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 1-3
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР 3-0
ВЧЕРА: ШКУПИ – БРЕРА 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дани Олмо ќе паузира најмалку две седмици
