Фудбалерите на Шкендија утрово од скопскиот аеродром отпатуваа за Анталија каде во следните две недели ќе ја реализираат главната фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.
Составот на Ернест Ѓока во Анталија ќе одигра и четири пријателски натпревари во насока на темпирање на формата за продолжението од сезоната.
„Тимот има победнички менталитет, и тоа е најважно. Мислам дека и негативата од осум бода не е недостижна. Се надевам дека ќе ја намалиме разликата и на крај ќе стигнеме до посакуваната цел, одбрана на титулата“ – истакна Ернест Ѓока пред замиувањето за Анталија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













