Connect with us

Шкендија отпатува на подготовки во Словенија

Фудбалерите на Шкендија заминаа во Словенија каде ќе останат до 26 јуни и ќе ја реализираат главната фаза од подготовките пред квалификациските натпревари во Конференциската лига на УЕФА.


За време на престојот во Словенија, Шкендија ќе одигра четири контролни натпревари. Првиот натпревар е закажан за 12 јуни против Ференцварош, втор ривал ќе биде Марибор на 18 јуни, а третата проверка на 21 јуни против Зрињски. Четвртиот пријателски натпревар е планирано да се одигра на 25 јуни, а противникот ќе биде дополнително познат.

Во тимот од позајмица се вратија дефанзивците Мевљан Мурати и Леард Садриу, а денеска се приклучи и Дашмир Елези, кој изминативе две седмици беше дел од репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Ангелче Тимовски во иднина нема да биде дел од Шкендија бидејќи договори спогодбен раскин на договорот со клубот.

Шкендија на 14 јуни ќе го дознае името на првиот противник во квалификациските натпревари од Конференциската лига на УЕФА, а враќањето во Тетово е планирано за 26 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови