Прилеп. Таму Тиквеш денеска (17.30 часот) ќе ги пречека избраниците на Бруно Акраповиќ сакајќи да докаже дека може уште на стартот да го сопре најдобриот тим од минатата сезона.
Акраповиќ по пет години се врати во Тетово и го презеде кормилото на Шкендија непосредно пред почетокот на шампионатот. Треба да го исправи бродот кој очигледно покажа дека не плови добро во Европа оваа сезона.
Шкупи ќе биде најголемиот конкурент на Шкендија во трката за титулата, а денеска гостува во Штип кај новиот прволигаш Брегалница кој исто така е мошне амбициозен на почетокот од сезоната.
На арената „Тодор Проески“ во Скопје, Работнички го пречекува Борец, а Македонија ЃП во Ѓорче Петров е домаќин на Пелистер. Во Тетово, Ренова ќе го нагости Скопје, а од 20 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе играат Академија Пандев и Струга Трим Лум.
ПРВА ЛИГА, ПРВО КОЛО, СЕЗОНА 2021/22
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (17.30 Ч.)
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
ПРИЛЕП: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ТЕТОВО: РЕНОВА – СКОПЈЕ
СТРУМИЦА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ (20 Ч.)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski