Connect with us

Шкендија на мегдан во Кавадарци, Брера и Вардар се „загреваат“ за Купот, гостински дуели за Силекс, Работнички и Гостивар

Шкендија, лидерот во Првата фудбалска лига, ќе остане на врвот и по ова 26. коло, со оглед дека има четири бодови предност пред второпласираниот Силекс. Сепак, не е сеедно за тетовскиот тим дали ќе успее да слави денеска во Кавадарци, каде ќе се соочи со Тиквеш.

Шкендија, иако има пет натпревари без публика во Тетово како санкција од ФФМ за неодамнешниот срамен инцидент со Брера, кога навивачите не го испочитуваа едноминутниот молк поради трагедијата во Кочани, продолжува со добри резултати. Во последните пет кола, Шкендија има три победи, еден пораз и едно реми.

Тиквеш, можеби е најслаб тим на гостински терен, но затоа се надева на домашниот терен како голем адут за бодови. Иако се наоѓаат во борба за опстанок, тие ќе се обидат да му се спротивстават на лидерот.

Второпласираниот Силекс, ако сака да ја задржи шансата за титулата, мора да победува на гостувања како денешното во Охрид, на дуелот против Воска Спорт. Домаќинот исто така се бори за опстанок и ќе мора да го даде најдоброто од себе.

Разнишаниот Гостивар ќе игра како гостин на својот стадион во Гостивар против Беса. Квалитетот е секако на страната на тимот на Мерт Новре, но Беса исто така се надева на бодови во оваа тешка пресметка, затоа што и „гори“ за опстанок.

Во Струмица, Брера го пречекува Вардар, кој во пролетниот дел од сезоната игра одлично, додека струмичани претрпеа многу промени. Овие два тима ќе се сретнат и во полуфиналето на Купот.

Шкупи ќе го пречека Работнички на Чаир. Шкупи не е загрижен за опстанокот, додека Работнички треба да брка бодови за да остане во трката за титулата или за место во Европа.

Вчера, Струга Трим Лум го совлада Пелистер со 4-1 во воведниот натпревар од ова коло во Првата лига.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 26. КОЛО (15 часот)

БРЕРА – ВАРДАР

ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

БЕСА – ГОСТИВАР

ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 4-1

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови