
Брера загуби од Шкупи, па лидерот Шкендија денеска има шанса да се одлепи на врвот на табелата. Но, ќе треба да мине успешно во Кратово каде Силекс ретко ги испушта бодовите. Сепак, тетовци се свесни за својот квалитет.
„Го анализиравме противникот, се работи за одличен тим, кој посебно добро игра на домашен терен, но ние веруваме во нашите квалитети и посакуваме од три бода од ова гостување“, изјави Адријан Лимани.
Брегалница исто така е тим кој победува дома, а во Штип денеска гостува актуелниот првак Струга Трим Лум. Ќе биде тоа интересен дуел, а стружани ќе бидат пред вистински предизвик да издржат во штипскиот котел.
„Комити“ и „Лозари“ имаа жестока претходница на денешниот дуел меѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци. Тиквеш посакува триумф, а тимот на Александар Васоски ќе се обиде да остане непоразен на ова гостување.
Македонија ЃП во Ѓорче Петров го пречекува Гостивар, додека на арената „Тодор Проески“ се среќаваат Работнички и Воска Спорт.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО (денеска, 15 часот)
ТИКВЕШ – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР
ВЧЕРА: ШКУПИ – БРЕРА 1-0

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Голем пресврт на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Шчесни го спаси Јувентус од пораз во Бергамо
