Лидерот на табелата во македонскиот шампионат, тимот на Шкендија, се засили со бразилски интернационалец. Игор Вандерсон да Силва (24) е ново засилување за тетовскиот клуб. Тој потпиша договор на една и пол година и треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија на составот на Ернест Ѓока.
Вандерсон Да Силва досега има европско искуство во Турција, тој беше член на Газијантеп и на Бурсаспор.
„За мене се е ново во Македонија, но ми се допаѓа организацијата во клубот и амбициите за освојување на титулата. Се надевам дека ќе дадам полн придонес во успесите на тимот во продолжение од сезоната“, изјави Игор Вандерсон да Силва за официјалниот сајт на Шкендија.
Бразилскиот крилен напаѓач ја почнал кариерата во Метрополитано, а во 2018 година од Униао Барбаренсе се пресели во Газијантеп. Следната сезона беше член на Бурсаспор, но поради пандемијата на коронавирусот се врати во Бразил и беше дел од Аква Санта.
Игор Вандерсон да Силва е трето засилување за Шкендија оваа зима, по Рубин Хебај и голманот Ферат Рамани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













