
Фудбалската федерација на Македонија ја казни Шкендија со пет натпревари без присуство на публика, поради скандалозното однесување ма навивачите на мечот против Брера, кога искажаа непочитување на минутата молк во спомен на настраданите во трагедијата во Кочани.
“Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика.
Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.
Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот”, се вели во соопштението на ФФМ.
Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.
Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи.
ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.
ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.
Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.
Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Вардар го доведе младиот голман Зибери

Интернационалци
Селтик сака да го купи Бојан Миовски и да го врати во Шкотска

Евро-фудбал
Интер веќе го знае наследникот на Симоне Инзаги?
