Connect with us

Шкендија ја победи ЦСКА за самодоверба пред двомечот со Мура во ЛШ

Македонскиот првак Шкендија оствари триумф против ЦСКА 1948 (2-3) на последниот пријателски натпревар пред стартот на квалификациите за Лигата на шампионите и дуелот со словенечкиот шампион Мура.


Зејнулаи донесе предност за Шкендија во 21. минута, а на стартот на вториот дел македонскиот првак поведе со 0-2 по автоголот на Видев. Климентов намали во 57. минута на 1-2, но Бесарт Ибраими повторно ја врати Шкендија со убедлива предност. ЦСКА намали и на 2-3, но немаше сили за израмнување.


Првиот натпревар меѓу Шкендија и Мура се игра на 6 јули, додека реваншот во Словенија е закажан на 13 јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови