
Актуелниот првак Шкендија славеше рутински триумф (0-2) на гости против Скопје на „Автокоманда“, но и Академија Пандев победи (1-2) против Тиквеш во Кавадарци, па го задржа второто место на табелата.
Пелистер конечно стигна до прв триумф во шампионатот во 24.коло, откако ја совлада Брегалница (2-0), а и Македонија ЃП го победи Борец (0-1) во Велес. Ренова го совлада Работнички со 2-1.
Андре Менсалао постигна убав гол за водство на Шкендија во 11.минута, а Аденис Шала во 64.минута го потврди триумфот на тимот од Тетово.

Академија Пандев стигна до нови три бода трумфирајќи со 1-2 против Тиквеш во Кавадарци. Кристијан Велиновски експресно донесе водство за гостите по само 35 секунди, а израмни Анаел Нгоба во 54.минута. Тиквеш остана без Александар Вареловски во 72.минута поради два жолти картони, а Димитар Митровски донесе триумф за „пандевци“ во 90.минута.
Пелистер ја совлада Брегалница со 2-0 и стигна до прв триумф. Петар Љамчевски погоди за „зелените“ во 24.минута, a Едгар го постави конечниот епилог.
Ренова го совлада Работнички со 2-1. Ремзифаик Селмани беше стрелец на првиот гол за „гипсарите“, а Шефит Шефити во 58.минута реализира пенал. Анес Рушевиќ во завршницата погоди за Работнички.
Македонија ЃП со 0-1 славеше против Борец во Велес. Давид Атанаскоски уште во петтата минута ја погоди мрежата на домашниот тим.
Вчера, Шкупи го совлада тимот на Струга Трим Лум на гости со 1-3.
ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0-2
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 2-1
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА 2-0
ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
ВЧЕРА: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКУПИ 1-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski