Македонскиот првак Шкендија ќе игра против словенечката сензација Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тимот на Ернест Ѓока беше меѓу носителите на денешниот ждреб и доби релативно полесен ривал. Мура успеа да ја освои шампионската титула во Словенија во конкуренција на Марибор и на Олимпија Љубљана.
Шкендија ќе биде домаќин во првиот дуел (6/7 јули) од првото коло во елитното европско натпреварување, а седум дена подоцна ќе се игра реваншот во Словенија.
Утре напладне Шкендија ќе го добие и потенцијалниот ривал за второто квалификациско коло, доколку успее да излезе како победник во пресметката со Мура.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski