
Шкендија и Вардар во второто коло ќе се обидат да се рехабилитираат за стартните порази во новата сезона од Првата лига. Шкендија загуби во Струмица од Академија Пандев, а Вардар на домашен терен беше поразен од Македонија ЃП.
Составот на Ќатип Османи му гостува на Силекс, со надеж дека ќе ја подобри ефикасноста. Најголем проблем за Шкендија е слабата реализација на шансите и во првото коло од сезоната, но и претходно во европските настапи.
Вардар оди на гости во Велес, кај Борец кој ќе има прволигашка премиера по повеќе од една деценија.
Македонија ЃП и Академија Пандев имаа успешен старт на сезоната и во меѓусебна пресметка ќе се обидат да задржат максимален ефект. Ренова во Тетово ќе го пречека составот на Струга Трим Лум.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – ВТОРО КОЛО (17 ч.)
БОРЕЦ – ВАРДАР
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
