
Шкендија го победи Пелистер со 2-0 и сега е на првото место на табелата со 10 бода по првите четири кола од шампионатот. Гостите од Битола издржаа едно полувреме, а потоа Клисман Цаке во 58.минута го отвори резултатот, а Ване Крстевски го потврди триумфот на Шкендија.

Струга Трим Лум исто така едно полувреме се мачеше против Брера, а во последните мигови Лазиќ доби црвен картон. Потоа сѐ беше многу полесно за Струга ТЛ во вториот дел и шампионот славеше со 2-0. Јевтоски од слободен удар го проби бедемот на Брера, а Кехинде многу брзо постигна и втор гол, за да им олесни на Ќатип Османи и на стружани.
Воска Спорт фрли уште повеќе сол на раните на Вардар откако триумфираше со 1-3. Одбраната на Вардар е очајна, тоа Воска го казни и освои големи три бода.
Во 53.минута, голема грешка на Гачевски, тоа го искористи Донарт Ибраими и донесе водство за Воска. Десет минути подоцна вардарци си постигнаа автогол, а третиот погодок на гостите беше фантастичен и дело на Јахја со шут од 20 метри. Николче Шаркоски успеа да постигне само почесен погодок за Вардар до крајот на мечот.
Силекс го победи Шкупи со 2-1. Ефтимов во 24.минута донесе предност за Силекс, а прекрасен гол за 2-0 постигна Марко Ѓорѓиевски на почетокот на вториот дел. Шкупи во финишот само постигна почесен гол. Стрелаше Демир Имери во 84.минута. Шкупи имаше можност за погодок и претходно, но Љупче Џеков успеа да му одбрани пенал на Џемал Ибиши.
На дуелите меѓу Тиквеш – Гостивар и Беса – Работнички немаше голови.
ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-3
СТРУГА ТЛ – БРЕРА 2-0
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 2-0
СИЛЕКС – ШКУПИ 2-1
БЕСА – РАБОТНИЧКИ 0-0
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
