Актуелниот првак Шкендија и Работнички веднаш „кликнаа“ со новите тренери. Артим Шаќири и Стојанче Игнатов остварија победи откако беа поставени за нови предводници.
Шкендија, очекувано, беше подобра од Пелистер на гости во Битола со 0-2, со головите на Михаил Маневски во 65.минута и на Валмир Нафиу во 78.минута од средбата.
Работнички ја декласира Брегалница на дуелот во Прилеп со 0-3 на дебито на Стојанче Игнатов на клупата. Методи Максимов ги постигна првите два гола за „романтичарите“, во 16. и во 46.минута, а погоди и Бојан Илиевски во 66.минута од дуелот.
Македонија ЃП оствари важен триумф (0-1) на гости против Ренова. Филип Алексовски во 90.минута донесе значајни три бода за „лавовите“ во Тетово.
Тиквеш ја победи Струга ТЛ во Кавадарци со 2-0. Ристе Каракамишев во 39.минута и Едиз Спахиу во 41.минута беа стрелци на головите за кавадаречкиот тим.
Борец и Академија Пандев ремизираа 1-1 во Велес. Виктор Ангелов во 11.минута донесе водство за гостите, а израмни Крста Ѓорѓевиќ во 56.минута од мечот.
Скопје и Шкупи претходно ремизираа без голови во „Автокоманда“.
ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 0-2
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-3
БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
ТИКВЕШ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0
СКОПЈЕ – ШКУПИ 0-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal