
Шкендија успеа да го совлада Борец со 0-2 во Велес и стигна до деветтата победа во Првата лига, зголемувајќи ја предноста на врвот на табелата на пет бода во однос на Шкупи и седум во однос на Македонија ЃП.
Бесарт Ибраими од пенал во 25.минута го најави триумфот на Шкендија на овој меч. Тетовскиот тим ја исполни задачата, но Борец не беше во инфериорна улога.
Велешани имаа одлични шанси за израмнување во вториот дел, Марјан Ристовски шутираше над голот во 60.минута по одличната акција на Прелчец по десната страна, а потоа и Радович не беше прецизен.
Павич играше со рака во шеснаесетникот, но судијата Марјан Гоцевски не досуди пенал за Борец, а Прелчец во 80.минута ја затресе мрежата на Захов, но беше во офсајд позиција.
Претходно, Бесарт Ибраими упати опасен шут од слободен удар, а топката по голманската интервенција заврши во гредата.
Во финишот, Шкендија зададе уште еден удар. Ибраими повлече противнапад, Нафиу го проигра Љупчо Дориев на кој не му беше тешко да ја погоди мрежата на Борец за конечни 0-2.
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
