
Лидерот во Првата фудбалска лига, тимот на Шкендија остана на врвот и по ова 26. коло, откако славеше против Тиквеш во Кавадарци со 0-1. Тетовци играа со фудбалер помалку од 65.минута, но само четири минути по исклучувањето Латифи постигна погодок за триумф на Шкендија.
Брера го пречека Вардар во дуел за опстанок, но и како предвесник на полуфиналната битка на двата тима во Купот на Македонија. Вардарци славеа со 0-2. Резултатот беше отворен со голот на Горан Закариќ во 61.минута од дуелот, а до крајот вардарци постигнаа уште еден погодок преку Едиз Спахиу во 87.минута.
Второпласираниот Силекс со пресврт во финишот победи со 1-2 на гости кај Воска Спорт во Охрид. Илирид Адеми донесе водство за Воска од пенал во десеттата минута, а Силекс постигна два гола во финишот. Милош Николиќ израмни на 1-1 во 85.минута, а Илија Донов донесе победа во 92.минута.
Шкупи и Работнички одиграа квалитетен дуел на Чаир, а на крајот ги поделија бодовите (0-0). Анес Рушевиќ ја имаше најдобрата шанса за гостите, излезе сам пред Денковски, но голманот на Шкупи успеа да го скроти неговиот удар.
Беса го пречека Гостивар и успеа да слави со 2-1. Во снежни услови, домаќините двапати стрелаа од пенал. Ремзифаик Селмани погоди во 55.минута, а потоа и уште еднаш се тресеше мрежата на Гостивар од белата точка. Овојпат стрелец беше Шефит Шефити во 72.минута. Каланоски погоди за 2-1 во 80.минута, а треба да се напомене дека не успеа да реализира пенал во 37.минута од дуелот.
Вчера, Струга Трим Лум го совлада Пелистер со 4-1 во воведниот натпревар од ова коло во Првата лига.
ПРВА ЛИГА, 26. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БРЕРА – ВАРДАР 0-2
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0-1
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 0-0
БЕСА – ГОСТИВАР 2-1
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 1-2
ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 4-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Понуда од Катар за Лука Модриќ

Евро-фудбал
Нов гол за Елиф Елмас, реми за Торино
