Connect with us

Шкендија го позајми Нафиу во Кошице

Шкендија донесе одлука да го позајми напаѓачот Валмир Нафиу во словачкиот тим Кошице до крајот на сезоната.


Договорот меѓу Шкендија и Кошице е играчот да остане таму до 14 јуни.


Оваа сезона Кошице се натпреварува во второлигашка конкуренција и има амбиции да се врати во елитата.


Нафиу беше во Шкендија од 2018 година, а претходно играше уште за Ренова, како и за Скендербег (Албанија), АПОЕЛ (Кипар), Хамбургер (Германија) и за Базел (Швајцарија).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови