Connect with us

Шкендија го назначи Артим Шаќири за в.д.тренер, а потоа ќе биде спортски директор

Актуелниот првак Шкендија, како и што се очекуваше, го именува Артим Шаќири за в.д.тренер на тимот по разделбата со Бруно Акраповиќ. Тој до крајот на сезоната ќе го води тимот на Шкендија, а потоа ќе продолжи да ја врши функцијата спортски директор.

Во меѓувреме, низ тренажен процес и на првенствените натпревари ќе го селектира тимот што ќе треба следната сезона да се обиде повторно да ја врати титулата во Тетово. Оваа сезона, многу е извесно дека Шкупи ќе го одземе приматот од Шкендија.

Асистенти на Шаќири ќе му бидат Бурхан Емрулаи и Метин Далип.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови