Македонскиот прволигаш Шкендија доведе нов дефанзивец. Тоа е Ардиан Лимани кој доаѓа од косовскиот тим Дрита Гњилане.
Лимани потпиша двегодишен договор со Шкендија.
„Навистина е убаво чувството да се облече дресот на Шкендија, знам дека овој клуб има успешна историја. Се работи за квалитетен тим кој е на високо ниво низ годините. Знам дека Шкендија има верни навивачи, „Балистите“ кои го сакаат клубот и сакаат трофеи. Ова ме натера да прејдам во редовите на клубот и се надевам дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Лимани.
Дефанзивецот во изминатиот период беше капитен на Дрита и еден од најдобрите играчи на косовскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













