
Ова е најголемата сцена, грешки не се дозволени. Го знае тоа голманот Дамјан Шишковски. На Европско…грешиш – губиш. Затоа популарниот Шишко се надева дка Австрија в недела ќе биде репрезентацијата што повеќе ќе греши.
„Вакви големи натпревари ги одлучува и најмалата грешка. Не смееме едноставно да грешиме. Се надевам дека Австријците први ќе згрешата, а ние тоа ќе знаеме да го казниме. Знаеме дека се посебно опасни по прекини на игра. Ќе мораме на тоа добро да одговориме. Одиме на победа“, вели Дамјан Шишковски.
Репрезентацијата на Македонија се подготвува вообичаено, Шишковски вели дека се е нормално иако исчекувањето на првиот меч на ЕВРО е големо за сите Македонци.
„Секој натпревар се подготвува на ист начин, без разлика на противникот. Немаме воопшто притисок, дали ривалот е Австрија или Украина, или било кој друг. Ние мораме да бидеме вистинските и да ги исполниме сите задачи од селекторот и стручниот штаб“, порачува голманот на националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
